НоваТВ открива афера: Факултети „подаруваат“ опрема за следење на МВР

Лабораториите биле доделени во рамки на повикот на владата за опремување на научно-истражувачки и апликативни лаборатории, но веднаш по доделувањето опремата била предадена на владение на МВР.

Зошто никој не знаел за опремата која сигурно би била голема вест на универзитетот имајќи ги во предвид условите во кои работат? Зошто установата која нема своја лабораторија би ја давала новата опрема на МВР? Како се случило примопредавањето, каде се документите за тоа и каде е опремата? Случајот во моментов е во обвинителството, а истрага води и Транспарентност Интернешнл Македонија, во чија канцеларија се пожалила професорката Фросина Ременски откако веднаш по обелоденувањето на документите таа и целиот раководен тим се суспендирани со образложение дека раководството ангажирало професори не ги исполнувале условите за предавање.

Во интерес на објективноста, НОВА ги контактираше и другите инволвирани во приказната. Ректорот на битолскиот универзитет не одговораше на телефонските повици, а од МВР се уште чекаме одговор на прашањата пратени по електронска пошта, иако нивните ставови се делумно застапени преку одговорите кои од нив стигнале во Канцеларијата на Транспарентност Интернешнл Македонија.

Во видеото погледнете ја целата сторија. 

Извор НоваТв

Оставете коментар