Еколошка акција на Тиквешкото езеро по повод денот на планетата Земја

Еколошкото друштво Еко Живот од Кавадарци заедно со учениците од ОУ “Пере Тошев“ од Росоман, „Тошо Велков Пепето“ и „Страшо Пинџур“ од Кавадарци, реализираа еколошка акција на брегот на Тиквешкото Езеро. Овој настан беше организиран по повод денот на планетата Земја.

eko zivot akcija1

„Еко-Живот успешно го одбележа денот на планетата Земја, го исчистивме неубавото од Брушанскиот Залив, и посадивме неколку декоративни зимзелени дрвца. Во контекст на програмата на Еко-Живот како регионален еко-центар за Тиквешијата се надеваме дека овој настан ќе прерасне во традиционален и дека нашите едукативни акции и кампањи во иднина ќе бидат поддржани и од други фактори во овој регион. Голема благодарност и пофалба до совет на град Кавадарци, градоначалник на општина Росоман, раководниот кадар на училиштата Страшо Пинџур и Тошо Велков-Пепето од Кавадарци и Пере Тошев од Росоман, Мац Греен од Демир Капија кои несебично ја подржаа оваа еколошка иницијатива на Еко-Живот за почиста Тиквешија.“ – објави на фб профилот еколошкото друштво Еко Живот од Кавадарци.

eko zivot akcija2

eko zivot akcija3

eko zivot akcija4

Оставете коментар