Две лица повредени во сообраќајка во Кавадарци

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која денес се случи на патот Кавадарци-Прилеп, над градските гробишта во Кавадарци.
Анита Стојковска, портапролот на СВР Велес, известува дека несреќата настанала кога се судриле две патнички моторни возила од марката „Пежо“ и „Мазда“ со кавадаречки регистарски отаблички.

Според Стојковска, возилата се движеле во спротивна насока, но засега од непознати причини едното возило преминало на спротивната страна и удрило во другото. Стојковска додаде дека на возачите им се укажувала лекарска помош во кавадаречката болница.

 

Оставете коментар