(ВИДЕО) Двајца ентузијасти од Кавадарци изработија апликација за паметните телефони

Двајца млади ентузијасти од Кавадарци вчера ја пуштија за симнување апликацијата наречена „ShortWay“. Апликацијата овозможува директно испраќање на контактот од именикот во мобилниот телефон, без да се диктира и да се пребарува. 

Тргнувајќи од личните потреби 24-годишниот Мики Димитров и 29-годишниот Гоце Јованчевски ја креираа „ShortWay“, што можете да ја симнете преку „PlayStore“ од вашиот паметен телефон.

– Идејата за реализација на апликацијата првично потекнува од нашата лична потреба, како и потребата на секој корисник на мобилен телефон. На секој од нас му се случува да добие повик каде соговорникот има потреба од број што се наоѓа во нашата контакт-листа. Земајќи го предвид тоа колку е незабавно, вознемирувачко како и губење време, ги искористивме можностите што денес ни ги нудат паметните телефони. Креиравме сервис што ќе ви ја олесни целата постапка. „ShortWay“ е апликација што ви го олеснува праќањето на контакт-број на лицето кое има потреба од него. Ова е поедноставен и пократок начин од досегашниот, изјави за Телеграф.мк, Мики Димитров, еден од креаторите на оваа апликација.

 

Извор ТЕЛЕГРАФ

{facebookpopup}

Оставете коментар