Груевски:ЕУ ја вади ДУИ од владата

„Ни праќаат абери дека ДУИ може во секој момент да ја извадат од Владата ако така решат и со тоа Владата да падне. Штом така велат, веројатно и можат. Подготвен сум на сe.“ вели Груевски.

Ништо не можам да исклучам. Се што доделуваат може и да го одземат. Само душата не можат да ни ја земат“ – вели Премиерот.

„Не разбирам како СДСМ може да постави вакво прашање кога не цела Македонија, туку цел свет знае зошто Македонија не влезе во НАТО и не доби датум за почеток на преговорите со ЕУ. Единствена причина е што не прифативме промена на идентитетот на Македонците и на името на државата, а и таа промена да е по мера, да не речам по избор на Грција, истовремено одбегнуваат преговори и очекуваат с` да биде како што тие бараат. Еве, ако ме повикуваат да одговорам – ова е одговорот, иако тие добро го знаат. Блокадата во Букурешт во 2008 година заедно ја преживеавме кога со нивниот татко по ДНK, Бранко Црвенковски, бевме таму и двајцата дадовме речиси идентични изјави. Тоа што СДСМ потоа се престрои и се извлече од одговорноста е друго прашање. Но во целиот период потоа ние ги исполнувавме сите потребни критериуми, реформи и очекуван напредок, освен еден: оној што го бара Грција” вели Груевски за Дневник. 

Оставете коментар