ДУИ до ВМРО-ДПМНЕ: Ако не биде по наше не одиме на избори

„Ако се отфрли тоа значи дека Македонија во наредните пет години ќе има претседател кој ќе биде неприфатлив за една третина од населението. Ние сме принудени да го браниме достоинството на Албанците, нивната волја и да не дозволиме да му дадеме лажен легитимитет на еден претседател“, рече Бујар Османи, портпарол на ДУИ.

Меѓу опциите на ДУИ се и предвремени парламентарни избори.

„ДУИ најсериозно ја разгледува можноста и за предвремени избори за да се ослободи простор и целата енергија на општеството да се фокусира на решавање на спорот за името“, додаде Османи.

За разлика од ДУИ, ДПА на Мендух Тачи одлучи да учествува на претседателските избори со свој кандидат. Непосредно пред почетокот на состанокот на претседателството, кога и се очекува да биде одлучено за името на кандидатот, пратеникот на ДПА, Орхан Ибрахими изјави дека погрешната политика на ДУИ ја принудува ДПА да предложи кандидат.

Извор Алсат-м 

Оставете коментар