Државата нема исплатено 200 милиони евра субвенции?

Таа на седницата на Законодавно-правната комисија на Собранието порача дека субвенциите, според закон, земјоделците треба да ги добијат од 31 декември во годината или најдоцна до крајот на јуни наредната година. Николовска рече дека субвенциите за 2012 година Владата се уште не ги исплатила, иако и последниот рок е поминат.

– Парите ги нема, како што полека го снемува и домашното производство на храна. Нема земјоделска гранка која не е падната, нема производство кое не е намалено, а увозот на храна е драстично зголемен – тврдеше Николовска.
Таа рече дека годишно во земјава се трошат 100 милиони евра за увоз на млеко, 100 милиони евра за месо, 30 милиони евра за шеќер и 30 милиони за масло за јадење.

Извор Плусинфо

Оставете коментар