“Дрекслмаер” и Мурингер велат дека во оваа фабрика немало умрено никој!

“Дрекслмаер” реагира на објавената студија на Бранимир Јовановиќ

Лукас Мурингер, потпишан како управител на фабриката “Дрекслмaер” во Кавадарци реагира на објавената студија од страна на Бранимир Јовановиќ од институтот за Општествени и хуманистички науки Скопје со наслов “Вистинската цена на евтината работна сила: политики за привлекување на директни странски инвестиции во Македонија 2007/2015″.

Мурингер реагира дека во неа имало неточни факти. Мурингер и “Дрекслмаер” демантираат дека во оваа фабрика имало умрето работник на своето работно место. Велат дека на никој не му е забрането да оди да моча и дека прекувремената макотрпна работа на работниците како и работењето за празници се исплаќа согласно законот за работни односи на Република Македонија.

Мурингер и “Дрекслмаер” реагираат дека каблите кои се во контакт со вработените се премачкани со отров за глувци и дека во автобусите кои служат за превоз на вработените секогаш има столче за седење за сите вработени односно не се пренатрупани.

Од “Дрекслмаер” велат дека она што е објавено во студијата на Бранимир Јовановиќ не ја отсликува вистинската и реална состојба во фабриката. Којзнае, можеби е подобра а можеби бетер полоша. Тоа најдобро го знаат вработените.

Целиот текст на реакцијата на германската инвестиција “Дрекслмаер” предводена од Лукас Мурингер може да ја видите од фотографиите кои на својот фејсбук профил ги објави Јовановиќ.

Дрекслмаер реакција

Дрекслмаер реакција

Дрекслмаер реакција

Оставете коментар