ПИСМО ОД СОГРАЃАНИН: Директорот на домот на културата во Кавадарци прави штетни предизборни договори?

Писмо до редакцијата на МОЈОТ ГРАД од наш сограѓанин а е наменето за работата на домот на културaта од Кавадарци

“Почитувани,

Во време на предизборие, и немање на ревизор во Општина Кавадарци, директорот на домот на културата од Кавадарци, прави неколку штетни договори со цел лично богатење.

За еден од објектите кои ги издава домот, прави договор дека закупувачот ќе плаќа на домот една сума само за внатрешниот дел, а за сето она што директорот ќе му дозволи да го догради во просторот на дворот, ќе му биде давана доплонителна, пониска кирија нему лично.

Закупувачот, кој го користи објектот како ресторант, во склоп на целиот комплекс на институции од културата, веќе по втор пат го проширува објектот.

Од локалната самоуправа се прават слепи кон узурпирањето на теренот. Сето ова треба да заврши до недела на денот на изборите.”