(Видео) Ужасни услови на пензионерите од прилепскиот Дом за стари лица

Замрзнатата и блокирана сметка ги остави без греење, без доволно храна и грижа 140 станари во Домот за стари лица во Прилеп, пренесува Мета.мк

На штитениците, кои и самите плаќаат за услугите, им се закануваат извршни решенија за наплата на долгови.

Анализите покажуваат дека, всушност, Домот за стари лица и последните две години трошел многу повеќе отколку што приходувал, а при тоа бројот на лица ангажирани и од самофинансирачки активности останал ист!

Штитениците, семејствата и граѓаните не знаат каде исчезнуваат народните пари што се влеваат на сметката на домот? Повеќе од видеото…

Овој ТВ документарец е овозможен со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). За содржината на документарецот е одговорен тимот на “Мета.мк”- проект на „Фондацијата Метаморфозис„ и не ги изразува ставовите на УСАИД ниту пак на Владата на Соединетите Американски Држави.

Оставете коментар