До сите месни комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија!

И вчерашниот партиски митинг, собир, или проштална средба на владејачката ДПМНЕ не помина без национален срам и деградирање на граѓаните, посебно оние партиските. Пред самиот собир кој се одржа во спортскиот центар “Борис Трајковски” во Скопје, по социјалните мрежи беа поделени партиски наредби и агенди исптарени до сите месни комитети во Македонија како треба да се однесуваат кога ќе влезат во сала. Вистински резил и срам за интегритетот на поединците кои се засегнати од фотографијата. На сите учесници на вчерашниот митинг им беше поделено бесплатен сендвич и сокче.

vmro naredba

Оставете коментар