Џез концерт на “Por Ché Ne Trio” и нивните гости

“Por Ché Ne Trio“ е космополитски микс на три јаки музички личности, секоја од нив своевидна икона на традиционалната музика во нивните земји Аргентина, Италија и Македонија. На нивната стандардна постава Leo Genovese (Argentina) – piano, electronics, vocals, Francesco Marcocci (Italy) – acoustic bass, vocals и Александар Петров (Македонија) – drums, percussion, tapan, vocals, специјално на овој концерт ќе им се придружи Marie Petrov- (вокал, тромбон).

Нивната музика претставува трансверзала меѓу три континенти, преку оригинални композиции. Досега настапувале во Аргентина, САД и др.
Специјални гости на вечерта се прекалените кавадаречки џезери од бендот Modern Jazz Quartet K, со чиј настап ќе биде отворена оваа вечер.
Концертот е во рамките на “Топол културен бран“ и е во организација на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Министерството за култура на РМ и Локална самоуправа на Општина Кавадарци.

Оставете коментар