Дијагоналата на масовното надгледување

Јавноста мора да знае дали овие пракси значат битна реконфигурација, да речеме, на односот меѓу собирањето разузнавачки податоци и надгледување на интернетот и другите системи за телекомуникација, или укажуваат на трајни предизвици за фундаменталните права во дигиталната сфера.

Исто така постои потреба за дополнително внимание врз долгорочните импликации од праксата која веќе покрена сериозни прашања за масовното кршење на правните принципи и демократските норми. И, конечно, како транснационалното надгледување е во склад со современите промени на местата и карактерот на суверената власт и политичкиот легитимитет.

Откритијата за спроведеното надгледување во широки размери кое преминува во надгледување на секојдневните активности и прибирање на голема количина податоци за големи групи луѓе, со право предизвикаа сериозен спор. Постои опасност, и лаичките и академските дебати да се сведат на познатите приказни за технолошкиот развој кој ги менува односите помеѓу надгледувачот и оној кон е надгледуван, со остварување на предвидувањата на Џорџ Орвел и Филип К. Дик, или трансформација на демократиите во тоталитарни режими во име на безбедноста.

Не – во средината нее хоризонтален систем на надгледување во кој надгледувањето е сеприсутно но не е централизирано, и во кое учествуваме бидејќи лично сакаме корист од него (на пример, да видиме што нашите пријатели прават на фејсбук), или надгледување кои го овозможуваме со доброволно откривање на податоци на своите онлајн пријатели. Постоечкиот систем не ја следи ниту вертикалната логика на чистиот државен надзор, како што го замислил Орвел во својата книга 1984 (тотален надзор).
Дијагоналата на ловецот: надгледувањето и шпионирањето во транснационалниот свет,

Моменталната состојба може да се претстави како ловецот во шахот, “дијагонализиран” облик на надгледување и разузнавачка работа. Значењет на акронимот PRISM (програма на агенцијата за национална безбедност на САД) оди во прилог на ова: софтверска алатка за планирање на интеграција, синхронизација и управување со изворите (Planning Tool for Resource Integration, Synchronisation and Management). Оваа дијагонална форма со долг домет ја претвора хоризонталната мрежа на секојдневно надгледување (на пример нашето лично и доброволно користење на социјалните мрежи) во вертикално движење на битните податоци.

Селекцијата на битните информации кои треба да се истражат е автоматизиран процес кој го уредува сложен алгоритам со помош на одредени клучни зборови. Процесот е двонасочен, кон надвор и кон внатре: приватните податоци доброволно се откриваат а потоа разузнавачките служби тајно ги прибираат. Оние кои се надгледуваат, според тоа, учествуваат во своето сопствено надгледување.

Фактот дека овие податоци не познаваат нацонална гранциа и дека се обработуваат големи количини податоци покренува низа прашања. Од нив, две се суштински. Првото се однесува на појмовното разграничување меѓу идеата за светот во кој секоја држава има јасна претстава за сопствената национална безбедност и праксата која е воспоставена од глобалното надгледување. Современата пракса на надгледување опфаќа мрежа од различни разузнавачки служби (т.н. плус очите на петмина) каде се разменуваат податоци поврзани со глобалниот антитероризам, додека истовремено се работи против партнерите во сопствениот интерес за национална безбедност со што се дестабилизира традиционалното разбирање за сојуз и меѓудржавни односи.

Другата последица се однесува на стратегијата која актерите ја применуваат во одбрана од надгледување, преку дипломатски или правни средства, како и прилагодувањето на секојдневното онлајн однесување на интернет корисниците. Тука се поставува клучното прашање: дали овие корисници ќе продолжат да учествуваат во сопственото надгледување преку откривање на своите лични податоци или ќе развијат нови облици на субјективност кои повнимателно размислуваат за последиците од сопствените постапки?

Разузнавачката работа почнува кога аналитичарите ќе ги издвојат податоците прибрани низ опсежниот надзор, за да ги иднетификуваат непознатите лица поврзани со целините поединци или групи, во рамки на ‘три степени на оддалеченост’ (скокови). На пример, доколку осомничената личност има 100 пријатели на фејсбук, службеникот задолжен за надгледување во NSA или некоја од приватните аганеции кои работат за неа под договор, може без судски налог да ја следи комуникацијата на пријателите кои се пријатели на пријателите на осомничениот, до три ‘скокови’ – што е одприлика 2.669.556 луѓе.

При обработката на голема количина прибрани податоци, стратегијата која аналитичарите ја применуваат не значи дека ќе ја прочитаат целата содржина на тие комуникации туку че изработат графикон на меѓуперсонални односи (мета – дата) во надеж дека ќе пробијат одредени комуникациски чворови. Тоа е далеку од целосниот увид во се што содржат овие податоци, но е подеднакво далеку и од научниот метод кој би овозможил потребно ниво на извесност па макар и привид за точноста на резултатите. 

Во суштина овој метод ја доведува сомничавноста до совршеноство. Постапката зависи од интуицијата на аналитичарот и интерпретацијата, а резултатите можат драстично да се разликуваат од еден до друг аналитичар. За ова сценарио стравот од големиот брат што знае се главно е ирелевантен, бидејќи тврдењето за било каква вистина врз основа на вака изграден графикон мора да биде неточно, со оглед дека е засновано на лажно тврдење дека може да се разработи предикцијата за одредени човекови прстапки во некој момент во иднината, кога е тешко да се направи дури и воопштено предвидување за трендовите. Технологијата се користи како да е во сосотојба да овозможи научна извесност за иднината, но оваа доверба во моќта на ‘големите податоци’ повеќе личи на слепа верба отколку на било каква извесност. 

Националната безбедности дигитализацијата

Ваквиот начин на прибирање и размена на податоци имаат парадоксален ефект на барањата поврзани со националната безбедност. Со други зборови, националната безбедност повеќе не е национална. Дигитализацијата на националната безбедност создава големи количини податоци прибрани во транснационален опсег, што ја поматува линијата на националното како и границите меѓу спроведувањето на законите и разузнавачката работа.

Таквите методи поттикнуваат изместување од правната рамка на криминалната полиција кон пристапи засновани на превенција, предупредување и предвидување, како и поместувања од високиот степен на извеснот на малите количини податоци кон висок степен на неизвесност на големите количества податоци. Хибридизацијата на јавните служби и приватните компании го дестабилизира процесот на социјализација на државните интереси а оттука и тајноста, што создава потенцијал за ‘протекување’ на големи тајни податоци преку персоналот кој има пристап до нив.

Зборувајќи повеќе теоретски, промената и неизвесноста кои сега ги следат категориите ‘странски’ и ‘домашен’ ги разградуваат низ мрежа на повеќекратни меѓусебни врски. Со проектирање на националната безбедноста наопачки,преку транснационалните, јавно – приватни алијанси на експерти за безбедност и информации, се укажува на неочекувана надворешност каде секој интернет корисник станува мета. Овие ‘податочни субјекти’ за возврат мораат да реагираат, доколку не ја прифаќаат ситуацијата во која скоро сите интернет корисници се третираат како потенцијални осомничени и, во принцип, обвинети.

Повеќекратни места на отпор

Откритијата на Сноуден предизвикаат ефект на лавина на недоверба меѓу актерите кои во почетокот мислеле дека размената на податоци со NSA им е од корист. До неодамна партнери (Шведска, Германија, Франција) се почувствуваа изневерени кога американската NSA и британскиот GCHQ своите постапки ги оправдувале одприлика вака: “Знаевте дека ве шпионираме и вас и шефовите на вашите држави. Не бевте сигурно толку наивни па да не ви паднало на памет што правиме?”

Истите аргументи се користеле и за многу јавни и интернет актери, од кои некои (како Google, yahoo или Facebook) негираа било какво знаење за размената на податоци и надгледување. NSA и GCHQ тврделе дека не е проблем нивната пракса, туку нашата наивност, бидејќи сме им верувале тогаш кога очигледно не требало.

Овој трик можеби ќе ги сочува од законските мерки, бидејќи судовите ќе бидат принудени да го земат во предвид фактот дека интернет корисниците не требло да имаат разумно очекување за приватност додека ги испраќале своите мејлови. Сепак, со индиректно признавање дека не треба да им веруваме го дестабилизираа сопствениот систем на легитимизација. Така откритијата на Сноуден ги наведоа приватните телеком провајдери, како што е француската компанија Orange, да спроведе инспекција на својата техничка инфраструктура (посебно каблите кои поминуваат под море кои ги поврзуваат Европа и Северна Африка или Азија), кога открија дека NSA го злоупотребила првичниот договор за соработка, мотивиран од легитимни цели (борба против тероризам и организиран криминал) и тајно инсталирала влезови за пресретнување на комуникациите кои поминуваат низ главните чворови во Франција, Германија, Шведска, Холандија и најверојатно Бразил. 

Политичарите од земјите “Плус очите на петмина” сега се нашле во процеп меѓу официјалната подршка на борбата против тероризам, американофилијата, аргументите во корист на заедничката алијанса – и агресивното однесување на оваа мрежа. Ако поголем дел од нив сметаат дека успеале да ја замолчат повреденоста внатре во самиот државен апарат (истражните судии или судовите, на пример, кои во теорија се крајни корисници на прибраните податоци), можеби истото нема да им тргне од рака кај приватните провајдери а уште помалку кај граѓанството. 

Стотина правни служби од различни групи – интернет корисници, телеком провајдери, невладини организации, политички странки и граѓански движења – вовлечени се од сосема различни причини во секој од случаите, и ќе биде невозможно да се задоволат сите без темелни реформи. NSA, Гуливер кој сакаше да знае се за секој – успеала да ги мобилизира сите Лилипутанци и набрзо би можела да се најде парализирана од нивните мали но цврсти мрежи.

 

 

Извор: www.opendemocracy.net
Превод: Попова


 

Оставете коментар