Дезинфекција и дератизација во општина Кавадарци

 Исто така ќе бидат опфатени и зелените површини кои се потенцијално место за размножување на глодарите и инсектите како и јавните институции, училиштата, фабриките каде што партиципираат голем број на граѓани од сите воздрасти. 

Интегрираното сузбивање на заразните болести предизвикани од микроорганизмите и штетниците е збир на механички, физички, биолошки и хемиски мерки и постапки, а со цел за превентивни мерки, кои се превземаат за сузбивање или намалување на популацијата најмалку до прагот на штетност, запирање на растот и размножувањето, уништување на постоечката популација на штетници до биолошкиот минимум, односно влегување и задржување на штетниците на површината во просторот или објектот. Тоа се однесува на организми кои ги пренесуваат причинителите на заразни болести, паразитираат на човечкото тело, причинители се на алергиски реакции, делуваат токсично и ги вознемируваат граѓаните.

Поради овој вид на програма за дезинфекција и дератизација од буџетот на општина Кавадарци за 2013 година се оделени 300 000 денари.

Оставете коментар