(ФОТО) Детскиот џагор повторно на кошаркарските терени при спортската сала “Јасмин” во Кавадарци

Кошаркарската игра и детскиот џагор повторно се присутни на кошаркарските терени при спортскиот центар “Јасмин” во Кавадарци. Здружението на граѓани “Проект – Eу” во соработка со јавното претпријатие спортска сала “Јасмин” извршија реконструкција на три од постоечките кошаркарски табли. Претходните табли беа со “измината километража” и сега се заменети со нови како и со четири нови кошаркарски орбрачи.

Овие информации се само увертира за настанот веќе во среда од 12 часот на пладне каде детали за комплетната акција ќе бидат презентирани на кавадаречката јавност преку локалните медиуми, нормално, зачинета со партија баскет 3 на 3. Повелете.

Оставете коментар