Денеска средба Груевски – Заев

Неофицијално, тема на разговор ќе биде сè уште необјавениот извештај на комисијата за настаните од 24 декември, лани. Во саботата Груевски најави дека доколку во наредните денови не се најде решение, ВМРО-ДПМНЕ ќе размисли „за нови чекори и за нови стратегии, кои ќе бидат сосема поинакви од она што е сега“.
Груевски не обелодени за какви чекори и стратегии станува збор, наместо тоа вината за сè уште необјавениот извештај на ад хок комисијата им ја препиша на внатрешните проблеми кои, според него, ги имаат во СДСМ. Премиерот додаде дека решавањето на проблемите во опозициската партија ќе овозможат и избегнување на негативните последици со есенскиот извештај, од кој зависи европската перспектива на земјата. Извештајот на ад хок комисијата неофицијално запна кај прашањето дали со исфрлувањето на пратениците и новинарите од собраниската сала е прекршен уставот на РМ. 

Оставете коментар