Денес над Македонија

Сакаат да го решат македонското прашање по урнек на некои што ги решија.Ги снема.

Македонија ќе ја биде тогаш кога ќе сакаме да ја уредуваме како нашиот дом.

Македонскиот јазик е убав, понекогаш долг и нестандарден.Подобро таков,отколку никаков, краток или здебелен.

Ако е до маглата ќе ја издржиме ако треба уште една недела.Скопје нема куртул од некои долго, долго..

Државата ни е како Гинко Билоба.Нека не јадат, немаме гајле.

Се договоривме. Со тестот треба да го избереме таткото.

Екслузивно прочитавме за последните зборови од 1906 г. на Даме.Репризно не можеме од 2013 г. на Бране.

Острицата е тапа.

За пописот ќе бараме помош од главниот јунак на Тесна кожа.

Во Кал да сме, од Македонија да сме е.

И јас сум за споменици, ама на дување.

 Илинка Митрева бара помош од недемократска држава.Не одело секс и државна функција заедно.

И во црквата може да се слушне: Со Груевски напред !

Бизнисмените не се поздравувале со добро утро.Само со – добра наплата !

Нема добар ден, ако не го зграпчиш !

 Името на нашата држава е Република Македонија и точка.Не можело така, била голема.

Партискиот послушник е слеп, а пред се далекувид !

Шеќеринска е кусогледа политичарка штом не може да забележи дека му е изваден на Аџиев.Нема ни срам ни ..

Пратеничкиот солидарен фонд ќе биде различен од пензионерскиот.Ќе биде за живи да не умрат-од казни.

За буџетот оваа година бевме како бубалки, ама за Коледе имаше : Ој деца, деца ојте си дома…

Во партискиот статут имаме нов член : Колку ти тежи џебот, толку да ти тежи и зборот.

Шеќеринска бара како профитирал ВМРО-ДПМНЕ.Извини бела Радо -партиска тајна !

Уште еден реформски чекор.Ќе можеме да се коцкаме на интернет.

Апологетите пледираат.Имаме богат јазик и многу отворени новинарски усти.

Со лустрацијата ја делиме и раскаруваме сложната Република Македонија.

Со ракометарите отидовме во втора фаза, интерно, нервно..

Со Арсен, се беше музика.И со нашите, треба цела да е.

Да си лустриран со плата е тешко, да не си лустриран без плата е потешко, да си мртов најтешко.

После падот на Берлинскиот зид се спаси од транзицијата – умре.

Во недела ќе скокаме по пликот и телевизорот.

Не постои поделба на ‘бранковисти’ и ‘заевисти’.Такво нешто не смее да се случи во СДСМ.

За сериозни времиња, сериозни луќе. Ех, кога беше тоа ?

Во партијата е како во рајот.Владее мир, мислења и слобода нема, но потчинетост има.

И без Ивона, реформите и борбата продолжуваат.Тие мора да победат.

Субвенции пред избори ќе нема.Оваа година може ќе бидат на куково лето .

Највисок национален интерес на Македонците е да имаат сопствена држава.Без неа, ќе плаќаат висока камата.

Биле создадени услови за ефектуирање на хашката пресуда од Советот за безбедност. А за претседателот Иванов ?

Бучковски е загрижен за цензусот.Ќе го средиме и тоа, нека биде позитивен.

Што ќе правиме ако не успееме да избереме претседател на држава во двата изборни круга? Што правевме досега бре луѓе?

Влатко Ѓорчев напишал дека Македонија била демократско и плуралистичко општество за разлика од порано.Ќе мора да го викнам на усно, апла се гледа дека препишал.

Во СДСМ не се во право што во поширокиот список на кандидат(к)и за претседател(ка) на државата има само една жена.Не е либерално, а и без матрица е.

Стево Пендаровски со југословенската матрица им се удвара на Албанците вртејкји оро на ”Каде сте македончиња”.

Се надевам дека ќе живееме повеќе од нашиот Спасител и без да не крстат на некоја ривер.

Мислам дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја официјализираат својата личност за претседател на државата на ПРОЧКА.

Во ООН побарав 3 во 1, но не ми дадоа.Не сум манијак бре луѓе !

На Евровизија ќе сме оделе со Тијана и ”Победа”.Не сме автентични без нешто гастрономско, како киселец или сл.

Ќе се снима филм за ослепуваните војници на Цар Самоил.Се враќаме ептен назад, да не сме слепи.

Едни новинари се загрижени од исходот на тужбите заради медиумската слобода, други заради плаќањето и материјалната, трети ги боле…

Оваа година очекуваме економски раст отприлика од околу цирка приближно до кај некаде од 3,4,5,6,7,8 %

Планираме економските реформите да продолзхат да течат, течат, течат…..

Бранко не изгради ниту еден споменик како овие од проектот Скопје 2014 г.Малку да не е ?

Оваа година некои граѓани и граѓанки ќе ги стекнат законските услови да одат да се избањат.Другите ќе киснат и понатаму.

Во 2 милиони и нешто, некои се нешто, некои ништо, а сите по процена- непопишани.

Се оди напред кон иднината и назад кон минатото. Напред кон минатото е одење напред-назад, тука па тука .

Партиите се добра база, а може да бидат и боза.

Животот е убав! За кого како и каде !

Не можеме да запишеме година во ЕУ.Не ни бил фатен условот.

Не знам дали Грците имаат притисок за името, кај нас е паднат.

Ако граѓаните сакаат леб, ете им ја службата на Аџиев.

Спорот за името не е билатерален, туку безобразен.Ни го наметнаа и сега бараат да им се фатиме.

Американците нема да ја шпионираат пријателска Македонија.Знаат и повеќе отколку што им треба.

Грција бара чаре со министрите за финансии на Германија,САД…Ние немаме потреба, ги решивме со кој каде види.

ВМРО-ДПМНЕ предлагал мерки кои биле на СДСМ.Може ги чуствуваат како коалиционен партнер.

СДСМ не откри афера, туку плаќање на владата до Сител.

Оваа влада е неспособна штом му платила на Сител.

Оваа опозиција е неспособна штом бара да му се плаќа на Сител секој ден.

Добро е, крстот во водите на Охридското езеро го фрли наш човек.

Нашите луѓе во партијата се секогаш заради вас граѓаните .Тие мора да се во служба !

Буџетари од сите краишта на Македонија-обединете се !

Порталот-Мојот Град не може да ја санира штетата што ја претрпе Општина Кавадарци.Пара ли е 5 ооо евра ?

Од појадок страна, најмногу го сакам ручекот.

Нашата влада планира да ја покачи платата на администрацијата за 5 % и во септември 2035 г.Да си кажеме на време !

Шилегов покажа многу картони, а натпреварот уште трае.Уплатниците не биле регистрирани како картони во политичката федерација на Македонија .

Сме примале и недобронамерници.Тоа ни е во ‘традицијата’.

Донирал со свои лични пари.А може ли со свои туѓи ?

Нека испреговараат Србите и за нас со ЕУ, да не губиме време.Ние сме си наши.

За распадот на СФРЈ биле виновни Словенија и Србија.Ние сме биле за самостојна.

Европа им се отвори на оние со потенцијал. Нас пак не лигават.

Грција не отстапувала од своите црвени линии .Нашите, засега се утврдени во член 3 на Уставот.

Скопје е главен фраер на Република Македонија.

Се гарантира јавно изразување на мисла, со тужба.

Уште никој не знае како ќе пресече Ахмети.

Мракот може да биде апсолутен, релативен и мракот си е мрак.

Неразбрана Европа никако да го прилагоди своето законодавство по Скопските критериуми. 

Оставете коментар