(Фото) Дел од избирачките неправилности што се случија денес во општина Кавадарци

Како и многу општини на територијата на Република Македонија така и во општина Кавадарци денешниот ден од првиот круг на претседателските избори помина со низа нерегуларности. Екипата на “Мојот Град” која од утрово е на терен регистрира неколку случаи и истите ги документира со цел да и претстави на јавноста дека дел од политичките партии не го почитуваат бон тонот кога станува збор пред се за предизборниот молк како и активностите кои ги прават на самиот ден на избори.

Во прилог ви прикажуваме фотографии на кои се случува серија на неправилности. 

Непосредно до избирачките места, рекламните материјали и билборди од Владеачката партија не се повлечени. Скандалозно и дрско за самиот ден на избори.

На избирачкото место во с.Ваташа наспроти домот на културата регистрирани се група на лица кои непосредно пред избирачкото место водат евиденција на сите граѓани кои ја обавиле својата граѓанска обврска.

Потоа непосредно до избирачкото место кое се наоѓа во оу.”Страшо Пинџур” во Кавадарци сеуште стои огромно пано со лик од една политичка партија.Неправилно е што од избирачкото место до паното нема ниту 50 метри.

Во непосредна близина на зградата на УЈП во Кавадарци каде се наоѓаат избирачките места 668, 668/1 и 669 исто така има излепено плакати со ликови од политички партии непосредно пред влезот на избирачкото место.

Оставете коментар