Дебата за младите од Кавадарци: “Слабостите и пропустите на екстерното тестирање”

Јавната дебата ќе се одржи во просториите на Уни Палас 1(кружен тек) на 21.01.2014 год. (Вторник) во 19:30 часот. На оваа јавна дебата ќе зборуваат претставници од НВО „Проект Еу“ и претставници од Младински Образовен Форум (МОФ), но исто така право на учество ќе имаат, присутните средношколци, наставници од средните школи, како и сите заинтересирани родители и сите заинтересирани граѓани.

Официјални покани се испратени до сите основни и средни училишта во град Кавадарци.

Претставникот/ците на „ Младински Образовен Форум“ ќе зборуваат подетално за слабостите и пропустите на екстерното оценување, бидејќи МОФ беше иницијатор за собирање на 25 000 потписи за екстерното тестирање да се прогласи за пробно, поради сериозните пропусти и автор на „Анализата за екстерното оценување во училиштата во Република Македонија“.
Медиумски покровител на настанот е веб порталот „МојотГрад“. 

Оставете коментар