Човекот наскоро ќе може да ги регенерира своите органи

Човечката регенерација станува стварност. Новото истражување објавено во магазинот “Proceedings of the National Academy of Science” нуди нов увид во тоа како гуштерите сами ги поправаат изгубените делови на телото, но и нагласува дека такво нешто би било можно и кај луѓето.

Саламандерите се ретки рбетници кои поседуваат способност за целосна регенрација. Тие се во состојба да го поправат своето срце, мозок, рбет, но и целосно да го обноват изгубениот екстремитет.

– Она што го овозможува ова се клетките кои се нарекуваат макрофаги. Тие не само што ги убиваат инвазивните бактерии и габички туку и активно ја поправаат штетата. – тврди Др. Џејмс Годвин од Институтот за регенеративна медицина во Австралија.

И луѓето ги поседуваат овие клетки, но немаат можност за обновување на делови од телото. Годвин и неговиот тим сега пробуваат да дознаат како овие клетки кај гуштерите се разликуваат од оние кај луѓето. Тие исто така приметиле дека без овие клетки саламандерите стануваат како нас и ја губат можноста за регенерација. Меѓутоа, кога овие клетки повторно би се дополниле со свежи, деловите кои биле оштетени поново се регенерираат.

Ова откритие го навело Голдвин на претпоставка дека ослободувањето на одредена хемиска реакција со овие клетки претставува дел од целиот процес, и дека ова е можно да се постигне и кај луѓето со емитирање на тие хемиски реакции, вклучувајќи ги и матичните клетки. Доколку Голдвин и неговиот тим успеат да ја идентификуваат хемикалијата која помага во регенерација, би било можно да се развие медицински третман кој би бил успешен и кај луѓето.

 

 

Оставете коментар