Chrome – најпопуларниот прелистувач

Google Chrome моментално го користат 35 проценти од интернет корисниците, додека неговиот конкурент Mozilla Firefox го користат само 17 проценти од корисниците. Веднаш по Firefox доаѓа Internet Explorer со 16 проценти, додека Opera користат нешто повеќе од 1 процент.

Прелистувачот на Apple – Safari, го користат исто така 17 проценти од корисниците меѓутоа неговата популарност постојано расне. Со новиот Mac Pro и MacBook тој тренд сигурно ќе продолжи.

Кај паметните мобилни телефони, Android интернет прелистувачите го користат само 8 проценти, додека Safari го користат 5 проценти од корисниците.

Интересен е фактот што верзијата на Opera за паметните телефони која го носи името Opera mini, е попоуларна од десктоп верзијата на овој прелистувач, благодарение на Nokia, која го користи како основен прелистувач на своите мобилни уреди.

Што се однесува го генералниот впечаток поврзан за интернет прелистувачите, сите освен Google Chrome имаат тренд на опаѓање во користеноста. Највоочлив е падот на употребата на Internet Explorer.

 

 

Оставете коментар