Чавков “удре” по кавадаречките учесници во Шарената Револуција!

Герасим Лазов од Кавадарци, уште еден, нов, кој знае кој по ред учесник во Шарената Револуција, денеска беше повикан на информативен разговор во полициската станица во Кавадарци.

Неговата покана се однесува околу неговите активности во граѓанските протести од Шарената Револуција кои изминатиот период се оддржаа во општина Кавадарци а беа испровоцирани од скандалозната одлука за аболиција на претседателот Ѓорѓе Иванов со која беа помилувани лица вмешани во криминални активности.

Лазов се товари за дело за кое предвидена е глоба од 50 евра. Покрај него, за истото дело казни од 50 евра се предвидени за уште двајца граѓански активисти од Кавадарци, Даниел Петков и Анѓелчо Петков.

Ова е само уште една закана за активистите во протестите во Шаренеата Револуција. И толку. Доколку Чавков смета дека со овој чекор ќе ме заплаши мене, а и сите кои учествуваат во протестите, дебело се излажал. Неговата порака за жал нема да помине. Напротив, овој негов чин е само мотив плус за мене, моите соборци, сограѓани од Кавадарци и сите граѓани на Република Македонија да излеземе што помасовно на протестите кои следуваат. Не се плашиме. Напротив, она што не може да ни наштети, не прави уште похрабри. Во таа насока сакам да апелирам до Кавадарци, до граѓаните, до сите. Утре со почеток од 18:30 часот ќе се случи нов протест во Кавадарци. Досега најмасовен. Баш заради ваквите неуспешни заплашувања на режимот. Утре сме побројни помасовни. И нема откажување. Одиме до крај. До конечна победа за ослободување на Македонија. – изјави Лазов за Мојот Град.

pokana-razgovor