Честитки од “Мојот Град” до припадниците на ромската заедница

Во Македонија и во светот денеска се одбележува 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Редакцијата на порталот “Мојот Град” ја користи оваа прилика да на сите припадници на ромската заедница во Република Македонија да им го честита Меѓународниот Ден на Ромите.

Во светот има 12 милиони Роми, иако според некои тврдења тој број е само за Европа. Ги има низ сите европски држави и во Америка. Најмногу се населени во Турција, околу пет милиони, по што следат Романија и Шпанија со по 1,5 милиони, Унгарија со еден милион, Бугарија со 700.000…

Оставете коментар