Бројот на алкохолизирани лица во Кавадарци кои предизвикале нарушување на јавниот ред и мир драстично поголем од лани

За 47 % е зголемен бројот на алкохолозирани лица од Кавадарци и Росоман кои предизвикале нарушување на јавниот ред и мир во периодот од Јануари до Септември оваа година споредено со изминатата 2013 година.
Тоа всушност беше повод за одржување на трибина на тема  “Алкохолот како причина за нарушување на јавниот ред и мир и безбедноста во сообраќајот” а улогата на презентер му припадна на инспекторот за првенција во полициска станица Кавадарци, Благица Кицева. На трибината присуствуваа претставници од автошколите, невладините организации и училишните заедници.

Што се однесува до сообраќајните незгоди предизвикани од пијани возачи состојбата е речиси иста споредено со минатата година. Статистичките податоци покажуваат дека на овој план Кавадарци предничи. Во последните 9 месеци од 25 сообраќајни несреќи 6 се случиле во Велес, 5 во Неготино а дури 14 во Кавадарци и Росоман . Овие бројки покажани низ примери треба да бидат поука за нас и зголемување на првентивното делување.

Оставете коментар