Борис Давидов ги повикува кавадарчани на средба на градскиот плоштад

Независниот кандидат за градоначалник Борис Давидов ќе ја презентира својата програма за подобро Кавадарци

Борис Давидов, независен кандидат за градоначалник на општина Кавадарци, ги поканува своите сограѓани да дојдат на заедничка средба на која ќе бидат запознаени со неговата програма за градоначалник.

Средбата ќе се оддржи во петок 06.10.2017 во 19 часот на градскиот плоштад “Маршал Тито” со паролата “Моќта на успехот е во заедничкото дејствување!”