(ФОТО+ВИДЕО) Блокиран влезот на општина Кавадарци

Неколку стотици ученици од основните и средните училишта во општина Кавадарци се собраа на градскиот плоштад искажувајќи го својот револт против оваа според нив некоректна одлука од страна на министрерството за образование и наука. 

Се извикуваа пароли со наслов “Стоп за екстерно тестирање”, “Не сакаме екстерно тестирање” како и “Излези Цано”. После полчасовното протестирање, дел од учениците заминаа на разговор кај градоначалникот Александар Панов дискутирајќи за настанатата ситуација.

Да потсетиме дека наставниците ја изгубија дебатата со челниците на министерството за образование, а згора на тоа дури и се пишманија во нивната намера за излегување на генерален штрајк.

Протестот помина во мирна атмосфера и траеше околу половина час. Повеќе од видеото и фотографиите. 

Оставете коментар