Бизарни совети за убавина од 1873 година

British Librery неодамна повторно објави два водича за убавина од времето на кралицата Викторија со трикови кои за денешни услови се навистина чудни. Овие прирачници се доказ дека грижата за убавината не е нешто што го измислиле новите генерации. Во нив се покривале сите аспекти на режимите за убавина од формирање на телото и грижа за тенот до здравјето и облеката. Некои совети се безвременски, додека други потсетуваат на времето кога прирачникот бил создаден.

“Водата за перење треба да биде дождовна, ако не е сосема чиста треба да се филтрира од прашината”, пишува во овој водич за убавина од тоа време. Оние кои се спремни да експериментираат со странските рецепти и совети овде можат да најдат инспирација.

Времето на владеење на кралицата Викторија е сининим за строго морален период, период на воздржување од сексуалноста и ористење на минимална количина шминка. Но и покрај тоа, унапредувањето на самите себе и тогаш било тренд.

 

 

Оставете коментар