Бегство, “патриотизам” или обврска е на Јанкулоска заминувањето во САД?

Од МВР велат дека ќе информирале со време околу заминувањето на Јанкулоска. Како и да е, по објавувањето на прислушуваните разговори, меѓу кои и нејзините разговори со министерот за финансии, со градоначалникот на Прилеп и со екс министерот за правда Михајло Маневски, Јанкулоска ја нема во јавноста.

Во централата на ДПМНЕ е карма каша. Општиот хаос со крајни сили се обидуваат да не се разлее и по општинските комитети ширум Македонија. Јадрото од членството разниншано но засега сеуште се почитуваат дел од наредбите кога станува збор околу ширење на пропагандата на власта по медиумите и социјалните мрежи. Воведена е и наградна игра. Кој ќе сподели најмногу постови, нема да биде прислушкуван година дена.

Како и да е, државните институции се темелно разнишани, граѓаните ја бараат вистината а и одговорност. Македонецот се буди од хибернација и почнува да покажува сигнали дека разумот сеуште може да преовладее.

Гордана Јанкуловска си ги пакува куферите, ќе ја напушта Македонија и заминува за САД. Бегство, “патриотизам” или обврска? Проценете сами и да видиме што ни носи утрото.

Оставете коментар