Жителите од Бегниште побараа земјоделските површини да им се одземат на функционерите и профитери од ДПМНЕ!

Жителите на село Бегниште го кажаа своето, бараат земјоделските површини да им се вратат на вистинските земјоделци

Бетиан Китев, заедно со министерот за земјоделие Љупчо Николовски и носителката на советничката листа д-р Виолета Димитрова, го посетија селото Бегниште каде имаа разговари со жителите од ова село.

Министерот ја пренесил одлуката на Владата за дополнителни уште по 2 денари по килограм грозје за оваа реколта, како и напорите на Владата за целосна исплата на неисплатеното грозје од претходните години. Било потенцирано и дека 90% од субвенциите се исплатени и дека ќе има нивно дополнително зголемување.

Жителите на Бегниште крајно незадоволни и револтирани од претходната влада и градоначалникот Панов. Како земјоделски крај низ годините мака мачеа со откупот и цената на грозје. Обелоденувањето на голем број скандали со доделувањето на субвенции на функционери на ДПМНЕ кои немаат допирни точки со земјоделието ја прели чашата. Велат, Китев е нивната опција на 15-ти октомври. Порачаа земјоделските површини да им се одземат на локалните функционери и профитери од ДПМНЕ и да им се вратат на вистинските земјоделци.

Китев исто така ја презентиравше и програмата за општина Кавадарци и се заложи да го реши деценискиот проблем со недостигот на вода во Бегниште.