Бањански: “Домаќински е хидроцентрала да прави ЈП Комуналец, парите да одат кај нашите сограѓани!”

Според Бањански, советниците секогаш треба да се разумни пред да донесуваат одлуки и секогаш приоритет да бидат граѓаните на општина Кавдарци

На точка на дневен ред на 54-та седница на совет на општина Кавадарци беше постапка за доделување на јавно приватно партнертво за проектирање, финансирање, изградба, стопанисување и пренос на мала хидроцентрала на регионалниот водоснабдителен систем Лукар.

Зоран Бањански, советник од опозицијата во советот на општина Кавадарци вели дека според истражувањето за еден киловат час изградена мини хидроцентрала чини од 900 до 1100 евра.

Значи ќе имаме инвестиција за изградба на мини хидроцентрала во износ од 180 000 евра со инсталирана моќност од 88 киловат часови. Значи гидроцентралата чини околу 100 000 евра а останатите 80 000 евра се наменети за градежни работи. Кои се тие градежни работи јас не ги знам. Барам да ми се објасни. Од финансиски аспект треба добро да размислиме дали да го даваме овој објект на јaвно приватно партнерство или пак да го задолжиме ЈП Комуналец да го реализира проектот, а парите да се влеваат во буџетот на општина Кавадарци. Јас сум за овој проект да го гради Комуналец затоа што приходите кои ќе ги носи новата мини хидроцентрала се движат некаде од 44 000 до 61 000 евра годишен приход.Бањански.

Според него, доколку овој проект го дадеме на некој друг да го работи преку јавно приватно партнерство во таков случај приходите на општината ќе бидат 10% односно во локалниот буџет средствата кои ќе се влеваат се некаде околу 6 000 евра годишно.

ЈП Комуналец има водостопанска дозвола, цевководот на кој ќе се инсталира мини хидроцентралата е во сопственост на општината. Граѓаните на општина Кавадарци за тој цевковод 4 години одвојуваа по 2% од својот приход за да се изгради. Најпростата математика вели дека цевководот кој е во должина од 37 километри односно 37 000 метри ако се помножи по 100 евра за метар тогаш цевководот чини 3 700 000 евра народни пари. За какво партнерство станува збор? Треба да сме разумни пред да донесуваме вакви одлуки и да се грижиме за граѓаните на општина Кавдарци, и секогаш да работиме исклучиво за нивен интерес, а не за туѓиот.изјави Зоран Бањански.

Предлогот на советникот од опозицијата не беше изгласан односно советниците од ВМРО-ДПМНЕ изгласаа она што е во сопственост на граѓаните на општина Кавадарци, она што кавадарчани макотрпно го граделе низ годините со сопствени пари и даноци, да го рентаме за без пари како и многу други проекти од локален карактер.