Авторска вечер со Теофил Панчиќ

Авторска вечер „Ангажманот помеѓу Балканот и ЕУ“ со Теофил Панчиќ, култен колумнист и критичар на белградскиот неделник „Време“ и коментатор на радиото Слободна Европа, како и на редица други медиуми во регионот, одржи во ЕУ Инфо центарот, синоќа (четврток) од 19 часот.

Роберт Алаѓозовски беше домаќин на авторската вечер, и тој го претстави авторскиот опус на Теофил Панчиќ и го модерираше разговорот со присутните.

Акцентот беше ставен на неговите последни две книги, збирката есеи за Хрватското радио, „Гостин од галаксијата“ и дневничката проза „39 дена на јуни“, напишана по неговиот резиденцијален престој во Сплит во јуни 2014 година.

Панчиќ престојуваше во Скопје во рамките на резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа „Готен“, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги „Традуки“. Теофил Панчиќ е роден токму во Скопје во 1965 година, но најголемиот дел од животот го минува во Загреб, а потоа и во Белград и Нови Сад, како новинар, критичар и писател.

Оставете коментар