(АУДИО) Ставрески со чекан по глава по државната администрација

Опозицијата објави разговор за кој обвинуваат дека е помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески кој бара да интервенира за негов вработен да му се одмазди. Крано дрско и заканувачко безобразни зборови од устата на првиот човек на македонскиот буџет. Оваа снимка сако го зајакнува тврдењето на начинот на кој владее актуелнаат нелегитимна власт а тоа е со закани и заплашувања.

-Овој копиљов од кај мене што пред Апелационен суд, ме изнервира, сакам таму да му го загорчам животот. Можеш ти да се јавиш, да рече не може ова, по партиска треба линија да се вработи. Апелациониот суд ќе бара согласност од тебе, и ти ќе кажеш за овој и овој можам, за овој не можам да дадам согласност. Јас ќе се јавам ама да не не зезнат. Ќе се јавам и во Агенција, да направиме контрола. Зошто тера по свое, зборува дрско, и зошто е дрзок од прв ден и не ја научи лекцијата.

Пиша една порака извинувачка, ама се гледаше дека не е искрена. Добар работник е, и чесен човек е, ама штом сака сила да покажува ќе добие удар со чекан, да види на кого сила покажува.

Оставете коментар