(Аудио) “ИГМ” во скутот на ДПМНЕ???

Од таканаречената бомба која беше објавена во општина Кавадарци од страна на македонската опозиција, порај неколкуте “килави”, доста интересен е разговорот помеѓу министерот за финансии Зоран Ставрески и кавадаречкиот градоначалник Александар Панов, каде Ставрески од Панов си нарачува средба со Гечев(ИГМ) од причина што претходно и Заев остварил средба со Гечев. Панов му вели на Ставрерски дека може да му договори средба и истата може да се спинува во јавноста…

 

Разговор помеѓу Зоран Ставревски и Александар Панов

ЗС: Добро..Слушај, Заев е денеска кај тебе, така?
АП: За утре се, утре се кај нас
ЗС: Не бе, Заев денеска е кај тебе
АП: Ааа немам информација, јас сега два саата сум истегнат
ЗС: Кај Гечев бил, па дали да идам и јас кај Гечев тоа сакав да те прашам
АП: Па не ќе е лошо, некња Гечев имаше убава изјава у Капитал за нас
ЗС: Аха
АП: Не ќе е лошо, Гечев, гледај јас на министерот Јанакиески му кажав ако отиде премиерот мислам ќе ни биде полн погодок
ЗС: Не може премиерот сега да
АП: Знам, знам…Ама он вака вика ако дојде тука ќе изјавам дека од ваа влада нема подобра, јавно тоа ќе го кажам…и после можеме тоа како убав спин да му го употребиме…нели еве кандидатот и за премиер на ес де ес кажува добро за ова влада
ЗС: Не, доволно е ние утре да направиме средба и да го покриеме ова што Заев бил таму, тоа ми е целта
АП: Добро, добро.. бива, бива
ЗС: Збори ти со него, па ќе договориме
АП: Не..одма, одма он прифаќа, тоа бланко му е прифанато нему
ЗС: Океј, човече да го планирме , не ја знам седницата на памет ама да го ставиме негден
АП: Океј ќе му се јавам сега на Антонијо и ќе му кажам за ова
ЗС: Е така, важи… ајде поздрав
АП: Океј министре, поздрав

Оставете коментар