АУДИО (+18): „Буџетот нема пари, ние сме лудаци, трошиме на чоколада, а дома немаме леб!“

Опозицијата денеска ја објави шестата по ред “бомба” во која Кумот Ставре и Горде од МВР разговараат за ужасно катастрофалната економска состојба во Република Македонија, проблемите со врзување крај со крај за исплата на администрацијата како и расфрлувањето на премиерот со народни пари за екстремно скапи слики за во музејот а притоа војниците на АРМ спијат на железни кревети покриени со ќебиња од времето на ЈНА.

Повеќе од перверзиите од аудио снимката.

ЗС: Више више не знам, мислам се полудев со ова. Не се издржува, знаеш дувам приходи вештачки ова тоа, мислам брука, шо да ти кажам. За да го склопам некако.

ГЈ: Да де да. И пак ќе биде, зошто овде ова…

ЗС: И пак ќе е зашто за зададената прашина нема пари, за не знам кој други. Леле шо све има внатре, ц ц ц…

ГЈ: Абе незамисливо е Зоки. Ние сеа колку цигани 2миљона овде 3миљона тука скрати, циганска работа. Значи до таму е дојдено. А ваму со злато ги укоричуваме книгиве.

ЗС: Абе луѓево, пошто доаѓаат овакво за буџет па мора некој работи да кажат, шо све ми кажуваат дополнителни работи таму шо све им кажувал. Сеа слики нарачал, 100 слики, слични како овие у музејот што се, за во археолошкиот музеј.

ГЈ: Леле…

ЗС: Добро бе Горде, мислам кажи ми еве дали јас сум ненормален или не знам више шо да… Мислам…

ГЈ: Абе јас вчера нели за ова за полицискава станица. Луѓево значи рипаат од радост, како мали деца се радуваат зошто имале плочки у купатило и прозорите зошто се затвараат. Значи до таму е дојдена работава.

ЗС: А мене ми се смее шо сум му рекол за…

ГЈ: Ама они сами му кажаа, а спијат на железни кревети, на ќебињата пишува ЈНА.

Оставете коментар