Археолошка екипа доживеа несреќа кај Демир Капија

Несреќниот член на екипата во несвест бил носен на носила низ беспаќе по тешко проодна козја патека, откако по телефонскиот повик на екипата ~ беше кажано дека не може да биде обезбеден хеликоптер за транспорт до болница.

Тој бил дел од групата предводена од доцент д-р Марјан Јованов од Филозофскиот факултет, а во која музејски работници, како и работници што работат на археолошките ископувања во пештерата и други. Несреќата се случила на половина пат кон пештерата до која требало да пропешачат околу 3 часа. При една пауза несреќниот шеесетгодишен човек, вработен во музеј, одеднаш се навалил на десната страна и почнал да се грчи. Останатите во екипата веднаш почнале да вртат телефони за да се обезбеди медицинска помош. По неколку свртени телефони било јасно дека во тој момент не може да се обезбеди хеликоптер со кој би можело човекот да биде префрлен во болница. Се алармирала брзата помош од Неготино, граничната полиција од Kавадарци, Специјалниот завод од Демир Kапија. Нивните екипи веднаш тргнале за да помогнат. Но, се работело за тешко прооден терен. Додека да стигнела помошта, на несреќниот член на екипата на секаков можен начин се обидувавле да му помогнат. 

На Kлиниката за неврологија завчеравечер потврдиле за „Дневник“ дека човекот преживеал мозочен удар, дека бил во свесна, но не контактибилна состојба.

Проектот, чиј раководител е Јованов од Институтот за историја на уметноста со археологија, е финансиран од Министерството за култура. Неговата реализација е преку Филозофскиот факултет и Домот на културата „Мирка Гинова“ од Демир Kапија.

– Патот до пештерата е најтешкиот терен од сите што сум ги минал во животот. Непристапен е и најтешко ми е да работам на овој проект токму поради физички најтешко достапниот локалитет – призна Јованов.

Сепак, професорот нагласи дека станува збор за еден од најатрактивните локалитети во Република Македонија, кој претставува природна реткост дополнета со археолошки остатоци.

Токму затоа сметам дека обезбедувањето соодветен пат до овој атрактивен локалитет ќе го доближи повеќе до алтернативните туристи – вели тој. 

Извор и Фото Дневник

Оставете коментар