Антиќ со жестоки напади кон Стефанов! Врба одговара со “воспитна”

Перо Антиќ ова го искоментира, откако Стефанов потврди дека ќе биде нов тренер на МЗТ Скопје, пренесува Спортмедиа.

Под прекарот „чичко стоилко“, Антиќ постира линк од информацијата проследувајќи со зборови кои не му доликуваат на уличар, а не пак на кошаркар кој ја претставува државата во НБА-лигата и кој претставува идол на спортската младина кај нас.

„Не знам дали е пародија или заебанција, уште една наша тимска икона отиде во пропаст (најверојатно се мисли на МЗТ – н.з.). Дундата улизи-смукович конечно стигна до целта, но за кратко верувајте“, напиша Антиќ.

Врбица Стефанов, новиот тренер на МЗТ Скопје, смирено и воспитно во својата изјава:

„Навистина не ми се јасни фрустрациите кои Антиќ ги искажува кон мене. А, можеби и има причина за тоа, не знам. Он е еден од ликовите на кои не трошам време за анализирање, а неговите зборови само ја искажуваат неговата култура и домашно воспитување. Тоа е негов начин на изразување и негов вокабулар, а дали е исправен ќе процени јавноста. Само ми е жал за децата на кои тој им е идол“, кусо прокоментира популарниот Врба.

Ова не е првпат кошаркарот на Атланта хокс да удри по популарниот Врба, кој, пак, го вложи сиот авторитет за да го врати Антиќ во репрезентацијата пред ЕП 2009 во Полска, кога тогашниот селектор Јовица Арсиќ го избрка поради нокаутирање на Синиша Аврамовски на тренинг. Крилниот кошаркар го нападна Стефанов кога тој лани се повлече од местото спортски директор во националниот тим.

Извор Спортмедиа

Оставете коментар