Ako сте неразделни – сексот ќе биде лош

Разделеноста ги разгорува страстите. Истражувањето кое е изработено во соработка со 2.000 парови покажа дека оние кои се често разделени имаат подобар сексуален живот и пред сѐ редовни сексуални односи за разлика од оние парови кои се неразделни.

Студијата ги истражувала паровите така што тие одговарале на прашањата колку дена во текот на еден месец поминуваат заедно како и колку често водат љубов. Резултатите покажале дека паровите кои поретко се гледаат имаат подобар и позачестен сексуален однос.

Докторката Тери Орбуч која учествувала во истражувањето го објасни овој феномен. Кога започнуваме врска, постојат три работи кои се виновници за пеперутките во стомакот – новитетот, мистеријата и возбудата. Сепак, како што се развива односот, така и љубовта се зголемува, а страста се намалува. Времето кое го поминувате разделени од партнерот, во некој друг град или со нови луѓе, повторно ја оживува таа страст. Д-р. Тери вели дека времето само за себе е многу важно во врската. Тоа ве прави посилни и посамоуверени, а сето тоа позитивно се одразува на вашата врска. Исто така, тоа ја зголемува довербата во партнерот.

Но кога ќе се каже разделеност, не се мисли само на патувања. Тоа може да биде и кафе со пријателите, излегување во град или најобична прошетка. Битно е само парот да не бидат константно заедно затоа што тоа дефинитивно ја загрозува љубовта, а особено сексуалниот живот.

 

 

Оставете коментар