„Ако как овде таблет ме стретит…“ Т’га за југ преработена од пленумци

Еве ја песната:

 

Т’га за наука

Авионски крилја как да си метнех,
и в научни центри да си прелетнех!
На туѓи места ја да си идам,
да видам пракса, наука да видам.
Да видам дали и тамо,
тендер се чека како и вамо.

 

Ако как овде таблет ме стретит,
ако пак мрачно иднината светит,
на п’т далечни ја ќе се стегнам
и од Македонија вечно ќе побегнам.
К’де од буџетот за наука повеќе се издвојват,
к’де научните списанија трудови со импакт фактор посевјат.

 

Овде је сиромашно и долг м’обвиват
и темна беда факултетот го покривaт.
Лабораториски трошоци и кратки сесии,
пипетирање со уста и расипани дигестори.
Застарена опрема во тунели подземни,
полека си ’рѓосват во тие одаи темни.

 

Не ја не можам овде да седам,
не ја не можам NMR само на слики да гледам!
Авионска карта место студентска партиципација да вметнам
и в туѓина од аеродром Александар Велики да си прелетнам,
на туѓи места, човек-научник да бидам,
да видам SEM и светот, барок да не видам.
Тамо препарати ја греат душата
и ботаничка градина лежит в гората.

 

Тамо лабораториите финансиска сила
со с’та роскош и опрема ги растурила;
Електронскиот микроскоп гледаш белеит
и новиот лакмус како темнеит;
Обсерваторија лежит на планина,
да видиш ноќе небесна хубавина.

 

Тамо на студентски ИИКСА да плаќам,
с’нце да зајдвит, не тука да умирам.

 

Пленум ПМФ

 

Извор: МКД

Оставете коментар