Aфричкиот континент се распаѓа

Научници од Универзитетот Единбург спроведоа низа на истражувања а како заклучок изнесуваат дека африканскиот континент постепено се распаѓа и притоа се создава нов океански базен.

Всушност се работи за голема пукнатина која се наоѓа во Етиопија а таа е вистински доказ дека континентот Африка е во процес на распаѓање. Инаку, подрачјето на Афар во Етиопија е всушност на простор каде што се спојуваат три тектонски плочи па многупати е дискутирано дека всушност претставува специфичен случај.
Со распаѓањето на овој континент се креираат пукнатини кои помалку наликуваат на вулкански отвори но тоа се всушност граници на две плочи на планетата Земја. Всушност во самите отвори се создава нова кора која овојпат постепено ќе се шири создавајќи нов океански базен.
Иако сето ова звучи помалку страшно, сепак научниците наведуваат дека состојбата не е алармантна и дека се уште нема видлив доказ за формирањето на новото морско дно.

 

 

Оставете коментар