70 години од раѓањето на Боб Марли

 

Познатиот музичар пораснал во редниот град каде ја открил афроамериканската музика, а својата успешна кариера ја започнал во 1962 година.
Една година подоцна го формирал познатиот состав The Wailers заедно со Бени Ливингстон и Питер Тош, а нивната песна “Simmer Down” набрзо станала хит во Јамајка.

Бидејќи им се допаднало на луѓето, тие снимиле уште неколку песни, меѓу кои се истакнува “It Hurts to Be Alone”.
Марли наскоро ја превземал улогата на лидер, како главен текстописец и авторм, а првиот албум групата го објавила 1965 гофина, додека на нивниот втор албум “Burnin” од 1973 година се наоѓаат класиците “I Shot the Sheriff” “Get Up, Stand Up”.
До уште поголема популарност дошло кога познатиот Ерик Клептон го обработил нивниот хит “I SHot the Sheriff”, а во 1966 година кога Јамајка ја посетил царот на Етиопија Хајле Селасиј целот бенд ја прифатил рестафаријанската вера.
Особено интересна година за Марли е 1975 кога неговиот бенд го објавува третиот студиски албум “Natty Dread” на кој се наоѓаат хитовите како “No Woman, No Cray” и “Revolution”. Поради соло кариери групата ја напуштаат останатите двајца членови, а бендот повторно го менува името во Боб Марли и The Waillers.
Наскоро Боб Марли се разболува, но и покрај тоа тој и неговиот бенд продолжуваат со настапите, што резултирало со албумот “Babylon by Bus”, “Survival” и “Uprising”. Бендот тргнал на турнеа во САД, со Стиви Вондер, но по настапот во Бостон здравствената состојба на Марли се влошува.
Умрел од рак во 1981 година, кога имал 36 години, останувајќи најпознатиот јамајкански музичар.
По неговата смрт целиот свет бил во жалост, илјадници луѓе присуствувале на неговиот погреб. Гробот на Боб Марли се наоѓа во родното село Nine Miles. Постхумано е одликуван и со орден на честа во Јамајка.
И денес секоја година љубителите на Марлиевото дело се собираат за да ја одбележат годипнината од неговото раѓање и смрт.

 

 

 

 

Оставете коментар