31,78% излезност на претседателските избори во општина Кавадарци до 13 часот

Вкупен број на избирачи кои се запишани во Избирачкиот список во општина Кавадарци е 32.410 гласачи. Гласачите своето гласачко право може да го направат на 60 избирачки места на територијата на општина Кавадарци.

Заклучно 13 часот, вкупно 10.042 граѓани ја обавиле својата граѓанска обврска односно 31,78% од граѓаните со право на глас. Со оглед на поволните временски услови и сончевото време се очекува интензитетот да се зголеми во попладневните часови кога голем дел од земјоделците се прибираат од нива.

Оставете коментар