10 начини да си го зезнете животот

1. Подлегнете на зависност
Без разлика дали е нешто опасно како дрога или нездрава храна, секоја зависност е лоша. Иако е многу тешко да се откажете, хранењето на својата зависност е сосема добар начин да го зезнете својот живот.
2. Сонувајте без да превземете акција
Сите ние сме сонувачи. Сите имаме надеж и очекувања, секако и соништа. Но живеењето на истите во вашите мисли е губење време. Ако веќе сонувате, сонувајте големо и превземете акција да ги остварите вашите соништа.
3. Избегнувајте самоанализа
Понекогаш, е битно само да седнете и да размислете за вашиот живот. Прашајте се себе си дали сте на вистинскиот пат, или дали има проблем кој не го третирате. Игнорирањето на внатрешниот глас секако ќе ги закомпликува работите.
4. Борете се со своите непријатели
Или имајте непријатели. Омразата ќе ви го зафркне животот целосно. А имањето непријатели зависи од вас. Може да ги имате само ако некому му дадете моќ да ве повреди. Борбата со нив само им дава до знаење дека тие имаат контрола врз вашиот живот и чувства.
5. Живеете според претпоставки
Претпоставвањето без да се провери вистината само покажува колку големи кукавици сме. Тргнете и истражувајте ја вистината наместо да создавате ваша.
6. Бидете неблагодарни
Благодарноста е потценета вештина. Ценете го она што го имате и бидете благодарни за истото. Потоа, ќе најдете повеќе работи за кои треба да бидете благодарни. Во спротивно, последователно ќе бидете несреќни со она што го имате и она што го добивате.
7. Бидете критички настроени
Немојте да бидете личноста која секогаш има коментар за некој или нешто. Кој би сакал да се дружи со некој кој постојано критикува. Ќе завршите во осаменост и на крај ќе се осудувате и критикувате себе си во недостаток на други.
8. Немојте да се смеете
Потребни се многу повеќе мускули да се направи намуртено лице отколку за насмевка. Зошто би сакале да живеете без радост и смеа? Тоа е најдобриот лек. Ќе ги заборавите своите мизерни проблеми, ќе научите да ги цените малите работи и ќе го сакате животот.
9. Кога минувате низ пекол, престанете да се трудите
Секој се соочува со тешки времиња. Најлошата работа што може да ја направите е да престаните да се трудите. Само сакајте го патувањето, ќе заглавите во тешки патеки засекогаш ако престанете да се трудите. Дури и пеколот се одминува ако продолжите да чекорите.
10. Немојте да сакате
Не постои подобро чувство од љубов. Ако не ја давате, нема да ја добиете. Немојте да одбивате љубов само затоа што се плашите или сте ранливи.
 

Оставете коментар