Џул и Кеш

пишува Звонко Каров

 

Ние сме Македонци, не сме паднати од Маркс.

Македонците не се опустошени, скаменети се.

Ако ние сме деца на сонцето, а сонцето е sвезда, тогаш Македонците се sвездаши.

Очекувам Грција да не признае под уставното име и да ја “убие” кај нас секоја смисла за постоење.

Грција побарала од нас гаранции дека нема да развиваме нуклеарна програма.

Им гарантираме на Нимиц и Грција дека по завршување на играта нема да бараме ловоров венец.

Броз куртули од ВМРО, ама од СДСМ му немаше спас.

Ако Тито беше жив ќе ги примеше бегалците.

Никола Димитров игра 10 пати подобро отколку што пее Ивица Дачиќ.

Жените и младите ако се ставени на изборна листа по сила на закон, тогаш се ставени на сила.

Ако не стане градоначалник може да се врати на пратеничкото место. Ако нема срам.

На тркалезната маса е главен. Келнерот е негов човек.

Иднината на рударството е во вселената.

Како тргна ќе го менуваме текстот на свечената изјава во Собранието. Јас (тој и тој ) по милост Божја и народна воља…

Во НАТО ќе влеземе кад-тад, а можеби и никад. Постојните граници на градските паркови се неповредливи.

Ако ви предложат морални кандидати за градоначалници, тогаш гласајте за Ниче.

СДСМ, ружна ви е владата.

Заев, или ново лого или стара зграда!

Отсекогаш очите ни биле свртени кон север(ина).

Не се тревожите, во Македонија вечна македонскиот можеби ќе биде втор јазик.

Го цитираат Андриќ, а не скокнале 10 пати на сопствениот збор да видат дали ќе издржи.

Анкетите во Кавадарци покажуваат дека граѓаните најмногу ја сакаат Ленче од СЈО.

Ако моќта на парите е појака од се, тогаш владеат волчји закони.

Кој ќе остане подолго: Жерновски или терасата на ВМРО-ДПМНЕ?

Бранко си е Бранко и кога молчи и кога пишува – сепак фактор.

За платите во државната администрација се договорија брзо,како да се од една партија.

Го молам Заев во Центар да не оди со Васко Ефтов.

Има бизнисмени на кои им одговараат сите кандидати за градоначалници. Кој и да биде, со него ќе бидат на ти. И на дај ми.

Ако не му е партијата ќе биде никој и ништо-обичен богаташ.

Имал несреќно детство, морал да оди и на училиште.

Фиљан човек го сакал опусот на Вагнер и бил фашист. Комшијата ја сака Цеца и вели дека е антифашист.

Последните анкети покажуваат дека Македонците се за Бољи живот.

Шмајхел му го фати на Лукаку во сред Лондон.

Да бидеш слободоумен не значи да го фалиш СДСМ секогаш.

Сте слушнале ли за Џул? Не, за Кеш – да !

Некои за добро селфи го ризикуваат животот,други-министерското место.

Ако се прашува Партијата таа би ставила и бројче наместо човек,ама не и згодно од Уставот.

Скопје е метропола,таму се слуша Северина, во провинцијата само се гледа.

Во 21 век Македонците се пцујат во ,племе мајчино. Стварно што пиреј ќе бевме?

Скопје нема да биде повеќе село без кучиња. Доста е!

Некои си легнуваат на брашното, други на барокот.

Беше несуден градоначалник. Стана газда.

Дојде животот во Македонија, не го сфаќајте сериозно.

Во Македонија нема либерали и демократи. Отидоа во СДСМ или ВМРО.

Ако Скопје беше Шибеник,камениот лавиринт ќе беше куп.

Да сум во Карпош ќе гласам за Андреј. Сахаров, разбира, се.

Ако Република Македонија ни е татковина, тогаш мора СФРЈугославија да ни е дедовина.

Харадинај се обрати и на српски за да го разбере цел свет.

Преокупирани сме со други, а окупирани сме од себе.

Кавадаречките лозари почнаа со берба на бостанот.

Нашите универзитети не стравуваат што има одлив на мозоци, туку што има одлив по мозоци.

Славе Димитров каков – таков е Блаже Конески во македонската поп музика.