Ќе има ли промени во СДСМ Кавадарци?

Некои страдаат од душмани, а СДСМ од членови

Недостапни, арогантни, свртени кон Струмица и Скопје за најситни прашања од локален карактер, вклучително и кадровските, средби заради средби да му помине редот (колку да се каже), лошото кадровирање, се дел од забелешките кои можат да се слушнат во Кавадарци за СДСМ -Кавадарци. Користејќи ја медиумската присутност на национално ниво и вкупната атмосфера која одеше во прилог на Заев и СДСМ, локалната организација на СДСМ се прогласува за победник на последните локални избори, губејќи во трката за градоначалник и местото претседавач на совет со лице кое до вчера беше со партискиот им противник.

Некои имаат забелешки како се дојде до старо-новиот кандидат за градоначалник. Дали тоа беше негова желба, притисок од Скопје, или немоќност партиската организација да се избори за свој кандидат. Не се помали и реакциите за кандидатите за членови за општинскиот совет.

Времињата и методите на работа се менуваат. Она што било некогаш присутно треба да се надмине. СДСМ тоа не го научи. Разбирливо е кога некогаш се отстапувало заради нужни коалицирања со други партии кога другите можеле да понудат поквалитетни кандидати прифатливи за граѓаните, но, СДСМ ја снема во претходните 20 години. Помина времето кога се одлучуваше во тесни кругови.

СДСМ мора да се отвори за граѓаните, мора да има сенс дека не и се најверни оние кои се залепиле секојдневно во, “канцеларијата” пијат кафе и ги клеветат луѓето кој, што и како рекол.
Постои ли воопшто аналитика што, кога и зошто рекол некој за лошо или добро за партијата или за политиката што сака да ја спроведува. Не може да се пресметуваат и маргиналзираат оние кои сакаат да укажат за слабостите и при тоа да ги обвинуваат дека за себе бараат ,место под сонцето’. А зошто да не, зарем тоа е забрането или е одредено само за посебни лица. Нивните потреби да не се посебни?

Некои страдаат од душмани, а СДСМ од членови. Затоа, ако сакаат да бидат фактор во Кавадарци, нека гледаат малку на критериумите за ново раководство повеќе граѓански, ако сакаат да зајакнат повеќе партиски.

 

пишува Звонко Каров