Јанчев ја презеде градоначалничката функција

Митко Јанчев, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ од денеска и официјално е градоначалник на општина Кавадарци

Јанчев се заблагодари на сите граѓани кои му дадоа доверба на изборите и порача дека веќе од понеделник и официјално започнува неговото работење. Тој уште еднаш го спомена проектот “Мој општинар” кој ќе го стартува од наредната недела.

Претседателот на општинската изборна комисија Зоран Костов, ги додели уверенијата на градоначалникот и новите советници.

Фото КТВ