Реакција на ПРЕС: “Митко Јанчев се откажува од градоначалничка плата и службеното возило”!

Градоначалничка плата не се ,остава’ на општината така како што тој или некој друг наумил

Во изјава дадена за медиумите, мојот сограѓанин Митко Јанчев кандидат за градоначалник предложен од коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ (рас)кажува дека ќе се откаже од градоначалничката плата и користењето на службениот автомобил доколку стане градоначалник. Најави дека тоа го прави како никој друг пред него (сите досегашни учесници во кампања за градоначалници и градоначалници).

Би сакал да му укажам уште сега, додека трае кампањата дека неговата изјава само прочитана и слушната набрзина кажува на неговата даровитост за ,јавни цели’, но вистински тој не се откажува од неа. Од градоначалничката плата. Неговата изјава упатува на неколку работи :

1) дека неговите противкандидати (Китев и Давидов) кои во случајот не се од бизнис секторот се ,страдни’ за градоначалничката плата која согласно закон е предвидена во извршувањето на оваа ниту малку лесна јавна функција и не можат да мислат повеќе од него за интересите на Кавадарци и неговите граѓани

2) Сите претходни носители на оваа јавна функција ги става во прилично незгодна ситуација во докажување на нивните добри намери, што не ја ,подариле’ својата плата додека ја извршувале функцијата-градоначалник.

Митко Јанчев се откажува од градоначалничка плата и службеното возилоНа кандидатот Митко Јанчев правото на кампањата не може никој да му го одземе, како и правото да се претставува пред граѓаните и ветува, но треба да знае и тој и граѓаните дека тоа е само ветување, но не и откажување од плата. Градоначалничката плата не се ,остава’ на општината така како што тој или некој друг наумил. Ако некој ја остави на располагање градоначалничката плата, тој ја остава без идни, насочувања на износите од неа и недефинирани услови во избор на лица во располагањето со нив. А тоа подразбира ништо друго освен лично промовирање на донаторот на средствата од кои се откажал.

Тоа самопромовирање не го спречува да го прави и без да стане градоначалник. И нека го прави под услови и намени за кои тој мисли дека се важни за општината. Подарените средства можат да бидат само составен дел на општинскот буџет, кои согласно закон се распределуваат на начин утврден со него. Во оваа прилика не би сакал да додавам и во нејаснотиите околу откажувањето на службеното возило и што тоа значи или опфаќа тоа. Да заклучам, тој не се откажува (под услов да стане градоначалник) од 150 000 евра како што изјавува.

пишува Звонко Каров