(ВИДЕО) Митко Јанчев е новиот градоначалник на Кавадарци!

Јанчев е градоначалник на Кавадарци, во вториот круг од локалните избори доби 1.642 гласови пред кандидатот од СДСМ, Бетиане Китев

Денеска победи Кавадарци, победи општината, го избравте правиот човек кој ќе ве води во прав правец, истото ви го ветувам и денеска како што го ветував и претходно. Пред се сакам да се заблагодарам на сите жители во Кавадарци, на сите оние кои излегоа да гласаат без разлика од која страна, Кавадарци е убава општина и ќе биде најубава, рече Јанчев на прославата на градскиот плоштад.

Тој нагласи дека знае да работи и да менаџира со општинскиот буџет и се заблагодари на неговиот тим и за поддршката од кавадарчани.

Ги поздравувам и од спротивната страна и да им кажам ќе имаат прекрасна соработка со мене, само во интерес на општината. Ќе соработувам со секого без разлика од која партија е само во интерес на Кавадарци, додаде Јанчев.

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски изјави дека не ги признава резултатите од локалните избори и побара предвремени парламентарни избори.

ВМРО-ДПМНЕ досега ги освоија градоначалничките места во 5 општини, во Илинден, Петровец, Сопиште, Зрновци и Кавадарци.

Митко Јанчев, во наредните четири години (доколку не се предомисли во меѓувреме), додека е градоначалник на Кавадарци ќе биде под будното око на граѓаните, медиумите (посебно Мојот Град) како и целокупната јавност за неговото работење и реализирање на ветеното.

На градскиот плоштад “Маршал Тито” во Кавадарци, членови и симпатизери на ДМПМЕ синоќа ја прославуваа победата.

Видео КТВ