УРНЕБЕСНО ВИДЕО: Јанчев го споредуваат со Панов, а тој вели: “Немојте толку да ме понижувате!”

Јанчев се дистанцира од Панов, за него е понижувачки кога би се споредувале

Гафовите кои излегуваат од устата на Митко Јанчев а се на штета на партијата ВМРО-ДПМНЕ никако да престанат. Напротив, дистанцирањето на кандидатот за градоначалник на Никола Груевски за општина Кавадарци од актуелните челници на оваа партија постојано му задава внатрепартиски удари. Удари, кои ќе резултираат со катастрофален пораз во недела, на 29-ти октомври.

На тв дуелот на телевизија КТВ кој се одржа минатаа недела, Бетиане Китев му се обрати на Јанчев. Со конкретно прашање, дали ако Митко Јанчев случајно биде градоначалник тоа ќе значи трет мандат за Александар Панов?

Одговорот на Јанчев беше фрапантен, понижувачки за Панов, за партијата, за Груевски. Погледнете го видеото, почитувани.