Ѓорѓе не е лузер

пишува Звонко Каров

Кочан беше оваа зима во Македонија.

На Мисиркова и се заканиле дека ќе свири на клавир.

Македонскиот литературен јазик треба да го негуваме увек.

Ние сме патриоти, ако треба ќе застанеме и на мост кога се дели бесплатен појадок.

Нема да дозволиме да не газат, вели една камењарка.

На Македонците мешањето на Цеца не им смета.

Трајко е најдобриот претседател на Собрание што го имала Македонија. Априлилииии!!

Лажговци, сакаа да се свои на свое, а ќарија.

Граѓаните се еднакви пред законите-не се пред судиите.

Солун е наш, за 1-ви мај!

Сите ја сакаат вистината, онаа голата во Вечер.

И опозицијата е за човеци.

Знаеме на кои Македонци е Македонија.

Нека лежат мирно тие кои немаат пари да си купат гаќи,информираше СЈО.

Македонците од заедничка Македонија се музикални, го слушаат Ѓорѓе.

Ѓорѓе не е лузер.

Во принцип, не сум за принципи.

За да се реши кризата не ни треба муда, туку орган кој функционира.

Зборуваа на ист, ама не со ист јазик.

Човекот е жив додека го спомнуваат, рекол некој од бункерот.

Шеќеринска може да биде татко на нацијата, женска жена е!

Човек што мрази мачки мора да е некое лошо куче.

Што ти е животот, додека се свртиш ќе ти пропадне државата.

Џабе ви се јазици ако сте пис на уста.

Жената на Пикасо има страшна глава.

Не да се фалам, ама Таки Фити ми беше асистент.

Сум одел по цел свет, ама како Македонија нема никаде.