(ВИДЕО)Министерот Николовски најави субвенции за росоманската праска, Пемова нешто се буни

Субвенции за росоманската праска, МЗШВ ги решава натрупаните проблеми на земјоделците, кои се создавале во текот на изминатите години

Анализирана состојбата со производството на праска во Росоман и по деталната работа на теренот, воспоставени се нови мерки во врска со откупот на праските.

Се работи за праска со исклучително лош квалитет поради неисправен систем на наводнување во Росоман, кој 20 дена бил во дефект и не биле преземени мерки, потоа и измрзнувањето коешто настана поради невремињата.

Воведена е дополнителна субвенција за 6 денари по килограм праски што ќе бидат откупени од преработувачките капацитети регистрирани во МЗШВ, во периодот меѓу 12 и 30 јуни, во и надвор од Македонија.

Со овие мерки се опфатени над 500 поединечни производители, односно ќе бидат откупени околу 400 тони праски, за кои производителите ќе добиваат по 6 денари од килограм, кои вообичаено едвај би достигнале 5 денари по килограм.

весна пемова

Еден од најголемите кавадаречки “земјоделци”, пратеникот од Кавадарци од редовите на ДПМНЕ, Весна Пемова, од седиштето расколничката партија реагира на ваквиот потег на министерот за земјоделие. Според неа една од мерките кои требало да се спроведат е државата да се вклучела во пронаоѓањето на нови пазари, како и да се заштити македонското производство од нелојалната конкуренција, мерки кои злосторничкото здружение на ДПМНЕ 11 години не успеа да го реализира.